Поскапуваат дел од лековите кој се издаваат без рецепт 

Здружението на фармацевти најави денеска зголемување на цените на некои лекови, кои се издаваат без рецепт.

Имер Имери, потпретседател на Комората на фармацевти, во изјавата за ТВ Алсат, потврдил дека вакви најави добиле од фармацевтските компании, дека особено од 1-ви март ќе дојде до поскапување на лековите, но не и за лековите кои се на позитивната листа или се земаат со лекарски рецепт.

„Имаме официјална информација од компаниите дека поскапување, особено од 1 март, ќе има кај лековите ОТЦ, каде поскапувањето ќе биде видливо, а нема најава за лековите од позитивната листа и другите лекови кои се земаат со лекарски рецепт. Поплаки има и од граѓаните. Тие се во право, има некои лекови кои недостигаат на фармацевтскиот пазар, како што се лекови за епилепсија кои одамна ги нема, а има и некои други лекови за срце кои лекарите ги препишуваат“ – вели за телевизијата Имер Имери, потпретседател на Комората на фармацевти.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons