Полицијата го чува кејот „13 Ноември“ и англиските навивачи

Полицијата го чува кејот „13 Ноември“ во Скопје каде што е „главната база“ на англиските навивачи кои се дојдени да ја бодрат својата фудбалска репрезентација во мечот против македонскиот национален тим.

Околу 2.000 навивачи на Англија допатуваа во Скопје, а нивната репрезентација против Македонија вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го игра последниот натпревар од квалификациската група за пласман на Европското првенство 2024.

Голем дел од Англичаните веќе се наоѓаат во кафетериите во центарот на македонската престолнина. Скопскиот кеј е резервиран само за нив. Со полициски барикади е ограничено движењето и на случајните минувачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons