Полицијата го уапси крадецот што ограби градинка во Велес, брашното, солта, оризот… вратени на детската установа

Полицијата го пронајде крадецот кој ограби магацин во градинка во Велес, а производите и се вратени на градинката. Крадецот има 31 година, јавува МВР. Тој украде 100 килограми брашно, шеќер, ориз, зејтин, сол…

„На 23.03.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.З.(31) од Велес. Тој се сомничи дека на 14.03.2022 влегол во градинка на ул.„Коле Цветков“ во Велес и од магацинскиот простор одзел повеќе производи.

М.З. бил приведен во полициска станица, а одземените производи биле пронајдени кај него и вратени на градинката. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во споопштението од Министерството за внатрешни работи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons