ПОЖАР ВО НАЈВИСОКАТА ЗГРАДА ВО СКОПЈЕ: Во моментот дел од станарите се пред објектот

Пожар избил во една од кулите „Џевахир“ во Аеродром, дознава „Скопје1“. Станува збор за највисоките згради во Скопје.

Случајот веднаш бил пријавен, но нема официјални информации колку простории и на кој кат биле зафатени.

Интервенирала скопската Противпожарна бригада, со неколку пожарникари.

Во моментот на пожарот, дел од станарите беа пред објектот.

  • ОБНОВЕНО:

Горела од кујна во една од кулите „Џеваир“, по што настанал пожар. Ова се првичните информации од полицијата за интервенцијата во една од највисоките згради во Скопје.

„На 01.10.2023 год во 16.45 часот било пријавено дека во стан од една од кулите “Џеваир” настанал пожар во кујната, додека во него не биле сопствениците. Притоа, противпожарниот систем се активирал и го изгаснал пожарот. Повредени лица нема, а полициски службеници излегле на лице место“, велат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons