Повторно поскапување на горивата, објавен е новиот ценовник 

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на:

ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,00 ден/лит, 
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,00 ден/лит, 
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 84,00 ден/лит, 
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 81,00 ден/лит.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons