ИНФЛАЦИЈА ОД 7,1 ОТСТО ПРОСЕК ЗА ЈАНУАРИ И ФЕВРУАРИ – засега не се менува каматата на Народната банка 

На денешната редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка биле разгледани најновите движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

„На седницата на Комитетот беше заклучено дека последните случувања во Украина значително го менуваат глобалниот економски контекст и делуваат врз домашната економија. Тие во основа значат нагорен ризик за инфлацијата, а надолен ризик за економскиот раст. Од една страна видливи се ефектите врз инфлацијата, а од друга страна веќе се извесни ризиците за забавување на побарувачката поради зголемена неизвесност, воздржаност на домашните субјекти и намалена побарувачка од нашите трговски партнери. Во околности кога инфлацијата претежно е предизвикана од надворешни фактори на понудата, а ризиците за економскиот раст (побарувачката) се надолни, беше одлучено основната каматна стапка засега да остане иста, на нивото од 1,25 отсто и да се понуди непроменет износ на благајнички записи од 10 милијарди денари. Тековната монетарна поставеност го поддржува кредитирањето на компаниите и граѓаните, односно обезбедува поддршка за натамошно закрепнување на економијата“, се вели во соопштението од централната банка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons