ЗГОЛЕМЕНИ ЦЕНИТЕ НА МАЛО: Пораснати се трошоците за живот 

На граѓаните им требаат повеќе пари за опстанок. Трошоците за живот во март биле повисоки за четири отсто во однос на истиот месец лани.

Цените на мало се зголемиле за 3.8 проценти, соопшти Државниот завод за стстистика(ДЗС). Инфлацијата во март 2024 година, во однос на претходниот месец, изнесува 0.9 отсто. Зголемувањето на инфлацијата во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 3.1 отсто, храна и безалкохолни пијалаци за 1.3 отсто, разновидни стоки и услуги за 0.6 отсто, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0.5 отсто, облека и обувки за 0.2 отсто, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје и комуникации за 0.1 отсто.

Во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групата мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.1 отсто. 

На едно четиричлено семејство месечно му требаат околу 1.000 евра за опстанок.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons