Повторно имаме Македонец во Бундеслигата, Штутгарт обезбеди опстанок

Денеска и официјално заврши сезоната во најсилното германско првенство, Ерлинг Халанд го имаше последниот настап за Борусија Дортмунд, Штутгарт остана во елитата, а Лајпциг обезбеди место во Лигата на шампионите.

Ерлинг Халанд, моментно еден од најдобрите фудбалери на светот пред своите навивачи го имаше последниот натпревар во дресот на „милионерите“. Потсетување дека Норвежанецот од следната сезона ќе ги брани боите на Манчестер сити.

Дортмунд во дуелот со Келн по првиот дел имаше негатива, гостите водеа со голот на Белфодил од 18 минута од пенал. Халанд возврати на ист начин во 68 минута, а конечниот епилог го постави Мукоко по асистенцијата на Белингем во 84 минута.

Овој пораз на Херта Берлин значи дека ќе игра бараж за опстанок против третопласираниот од втората Бундеслига. Овој нивни пораз го искористи Штутгарт кој со 2:1 триумфираше над Келн и така си обезбеди опстанок во Бундеслигата.

Инаку Штутгарт е клубот на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов кој цела сезона ја играше на позајмица во Шалке. А нашиот играч имаше значаен придонес за клубот од Гелзенкирхен се врати во Бундеслигата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons