Луѓето се враќаат во Харков, а руските сили се поттиснати кон границата

Во Харков сега е мирно и луѓето се враќаат, потврди градоначалникот Ихор Терехов за Би-Би-Си. 

Тој изјави дека Русите се повлекле од областа на градот Харков во правец на руската граница. Градоначалникот кажа дека руските трупи само еднаш успеале да влезат во мал дел од клучниот североисточен град. 

Вода, гас и електрична енергија е обезбедена за сите граѓани.  Сепак, потребна е реконструкција затоа што многу станбени згради се уништени. 

Градоначалникот вели дека пет дека немало напади, освен еден обид да го погодат аеродромот, кој украинските сили го одвратиле. Денеска е 80-ти ден од почетокот на војната во Украина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons