Пијалоците од утре поевтинуваат за 10 отсто 

Пијалоците од утре ќе бидат поевтини за 10 отсто, објави денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата по одлуката на владината седница.

– Во однос на цените на 19 септември во трговијата на големо се намалуваат за 10 проценти, а трговците на полиците и разладните уреди треба да ги одбележат со натписот „гарантирана цена“, рече Ковачевски.

Мерката ги опфаќа светло и лагер пиво, газирани и негазирани сокови, со исклучок на енергетски пијалоци, газирана и негазирана изворска вода. Одлуката ќе важи до 30 ноември, а таа ќе биде објавена денес во Службен весник.

Премиерот рече дека голем број трговци на вода и газирани пијалоци сами се пријавиле да ги намалат цените доброволно.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons