ПЕТ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА ПО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Судар меѓу две возила на патот Ѓавато-Тополчани 

Пет лица од Битола завршија во болница по сообраќајна незгода која се случила на стариот пат Ѓавато – Тополчани. 

Притоа дури тројца од повредените се со тешки телесни повреди, додека двајца од повредените се со полесни повреди. 

Како што соопштува МВР во редовниот билтен, несреќата се случила вчера (12.06) во вечерните часови, поточно во 20.32 минути. 

Возило „цитроен“ кое било управувано од 37-годишен жител на Могила се судрило во „опел вектра“ управувано од 20 – годишен жител на Бераници. 

Притоа со тешки повреди се здобиле двајцата возачи,  и сопатникот на возачот на „цитроенот“.  

– На 12.06.2023 во 20.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на стариот пат Ѓавато – Тополчани, кај с.Могила, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(37) од с.Могила и патничко возило „опел вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(20) од с.Беранци. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.С., а возачот Б.Н., В.С.(56) од с.Могила, сопатник во возилото „цитроен“, М.А.(32) и М.Б.(21), двајцата од с.Беранци, сопатници во возилото „опел вектра“, се здобиле се телесни повреди констатирани во болницата во Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола – пишува МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons