МВР со соопштение за пукањето во Ист Гејт

Попладнево се случи пукање во паркингот во трговскиот центар „Ист Гејт“ во центарот на Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Засега нема пријава за повредено лице, а инцидентот се случил околу 16 часот. Од возило ауди, во кое имало две лица, едното пукало кон Р.Т. (39 годишен), но не го погодил, соопшти МВР. За лицето во кое било стрелано, неофицијално се дознава дека во полицијата има криминално досие. Потоа, возилото на напаѓачите наводно било пронајдено запалено во околината на езерото Треска во Сарај. За лицето кое било мета на нападот има меѓународна потерница. Полицијата го бара за издржување на казна затвор за тешки телесни повреди.

„На 25.08.2023 околу 15.50 ч. во СВР Скопје е добиена пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“, пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило. Во возилото, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица нема,“ наведе МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons