ОЈО поведе постапка против шест деца, со монтирани фотографии исмевале девојчиња 

Шест ученици во деветто одделение се осомничени за злоупотреба на лични податоци поради што јавното обвинителство поведе постапка против нив. 

Имено, како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесено е Барање за поведување подготвителна постапка против шест деца во судир со законот за кои постои сомнение дека сториле продолжено кривично дело кое е санкционирано како – Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Малолетниците, сите ученици во деветто одделение во основно училиште, како соизвршители, неовластено преземале приватни фотографии од нивни соученички, ги монтирале и меѓусебно ги споделувале со врсници, со цел да ги навредат и исмеваат и да нанесат штета на угледот на оштетените – се појаснува во соопштението на ОЈО.  

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons