Мик Шумахер: Се докажав и заслужив да возам во Формула 1 

Синот на легендарниот Михаел, Мик Шумахер остана без тим во Формула 1. По настапие во Хаас каде што беше во 2021 и 2021 година, Германецот сега е резервен возач на Мерцедес без место во одбраното друштво. 

Самиот Шумахер смета дека заслужува да биде дел од овој спорт, а нагласи дека гледа шанса. 

„Работите може драстично да се променат. Не само што ќе има промени во тимовите, туку има и возачи кои ќе ја завршат кариерата. Тука ја гледам шансата. Знам дека сум доволно добар за да возам во Формула 1. Го докажав тоа возејќи во другите категории, фактот дека победував во тие првенства се заборава. Докажав дека можам да возам и под притисок“, изјави Мик. 

И за следната сезона Шумахер е без место во Формула 1, меѓутоа шанса се отвора веќе во 2025 за кога се предвидени доста промени во гридот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons