Околу илјада текстилни работнички добиле плата под минималната

Околу илјада текстилни работници од седум текстилни фирми од источна Македонија пријавиле дека примиле помал износ на плата откако е законски утврден износот на минималната плата, соопшти Кристина Ампева од „Гласен текстилец“.

-Имаме случај на 970 работници кои добиле минимална плата од 18.000 денари, но не им се исплатени додатоците на плата. Засега ова се мали бројки, но, пријави пристигнуваат, ги комплетираме, потоа ги доставуваме до Инспекторатот за труд“, вели Ампева.

Таа објаснува дека на нивните сметки се исплатени 16.000 или 17.000 денари. Ова е првична бројка, вели, а пријавите се собрани за само пет дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons