Од 3 мај стартува уписот на првачиња, еве кои документи се потребни

Потврда дека детето ги примило сите задолжителни вакцини, потврда за офталмолошки преглед издаден од јавна здравствена установа, Извод од матична книга на родени, како и потврда за извршен стоматолошки преглед… се документите што ќе им бидат потребни годинава на родителите за да можат да ги запишат своите деца-првачиња на училиште.

Уписите почнуваат на 3 мај, согласно Законот за основно образование, но тие можат да продолжат и потоа со оглед на тоа што има родители и деца кои поради какви било оправдани причини, немаат можност да го остварат правото на образование во тој период.

Оваа година, покрај доставување документи со физичко присуство, има опција и за онлајн-пријавување, кое ќе почне од 1 мај, а ќе се одвива преку порталот uslugi.gov.mk.

Во однос на документацијата, родителот е должен да достави (или да прикачи, доколку го пријавува детето електронски) потврда за примените задолжителни вакцини и потврди од офталмолошки и стоматолошки преглед издадени од јавна здравствена установа. При електронски упис не е потребна достава на Извод од матичната книга на родените, со оглед на тоа што податоците врз основа на единствениот матичен број на детето се црпат системски и автоматски од Националниот регистар на население, информираат од Министерството за образование и наука. 

Извор: Деца.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons