Инспекторите на терен: Еден кубик дрва не смее да биде повеќе од 3.000 денари, а граѓаните плаќаат повисока цена! 

Според регулативата на ЈП „Национални шуми” цената за еден кубен метар дрва за огрев е 3.000 денари, но во последниот период, откако граѓаните почнаа да набавуваат дрва за греење на домовите во зимскиот период, се проширија информации дека тие плаќаат најмалку 50 проценти повисока цена од предвидената, односно над 4.500 денари за кубен метар.

На денешниот брифинг, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, наведе дека, откако дознал за ова, на минатата владина седница алармирал за проблемот и, како што нагласи, очекува утре да добие информација од Пазарниот инспекторат и од Државниот инспекторат за шумарство и ловство.

Ние ја отворивме оваа тема на минатата владина седница. Во правилникот пишува 3.000 денари. Зошто се продава со вакви цени во приватниот сектор очекуваме да добиеме информација од Инспекторатот – посочи министерот.

Нуредини истовремено упати апел граѓаните да престанат со нелегалната сеча на шумите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons