Шестмина повредени во тешка сообраќајка кај Миследожда

На 28.04.2022 во 15.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Р-2243 кај село Миследожда, струшко, се случила сообраќајна несреќа.

Во несреќата учествувале автомобил „фолксваген венто“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Д.П.(46) од Струга и товарно моторно возило „рено канго“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(67) од Струга.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.П., Н.Ш.(51), сопатник во возилото „венто“  и Л.М., сопатник во товарното возило, додека со телесни повреди се здобил возачот А.Р. и сопатниците од возилото „венто“, М.Ш.(36) и А.П.(44), констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons