ОД МАРТ ПО 1.000 ЕВРА ЗА ГРАЃАНИТЕ: Градот Виена им нуди ваква премија ако направат една важна промена 

Градот Виена, на чело со социјалдемократскиот градоначалник Михаел Лудвиг, одлучи да им понуди на станарите во австриската престолнина еднократна премија од 1.000 евра доколку засекогаш ја исклучат славината за гас во нивниот стан и се префрлат на една од алтернативите, еколошки извори на енергија.

Како што пренесуваат австриските медиуми, 442.000 домаќинства во Виена се уште се греат на гас, а главниот град на Австрија планира и се стреми до 2040 година да стане климатски неутрален град, наведуваат медиумите.

Поврзано со тоа, градот Виена одлучи да одвои 260.000 евра за реновирање на згради и станови, што е двојно повеќе од претходно. Премија од 1.000 евра за жителите на Виена е една од мерките вклучени во одлуката на градот.

Барањето за премија веќе може да се поднесе на почетокот на март годинава до надлежниот виенски магистрат 50. Како што соопштија од тоа надлежно место за станбени прашања, исплатата на премијата од 1.000 евра ќе се уплати директно на сметката на корисникот на станот. Доколку сите станари во една зграда се откажат од гасот и се префрлат на друг алтернативен извор на енергија, можно е секој станар да добие премија до 1.500 евра.

„Предуслов за премијата за декарбонизација е закупецот повеќе да не готви и да не грее на плин. Затоа, во станот веќе нема приклучок за гас“, објасни раководителот на Одделот за станбен развој на Магистрат 50, Викторија Нојбер.

„Новата регулатива за санација и декарбонизација истовремено поддржува одржлив излез од гасот, го зголемува квалитетот на живеење во станбените згради и ја стимулира градежната индустрија во овие тешки времиња“, рече градоначалникот на Виена, Лудвиг.

„Прашањето за одржливо снабдување со гас е и социјално прашање. Мораме заедно да одиме по тој пат, бидејќи во Виена никој не треба да заостане во однос на ова прашање“, рече Катрин Гал, заменик-градоначалник на Виена и градски советник за станбени прашања.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons