Дождливо наутро, сончево и ветровито попладне
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Променливо облачно со повремен дожд во утринските и во раните претпладневни часови додека во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец со над 60 колометри на час. Минималната температура ќе биде од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови ќе се задржи променливо облачно, а температурите ќе бидат во постепено опаѓање. Врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник. Поради продор на постуден воздух од север во понеделник попладне на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Од вторник ќе преовладува стабилно и постудено време.



