СНЕЖНИОТ БРАН ЌЕ ТРАЕ ДВА ДЕНА: Паѓаат температурите а ќе дува и ветер 

Метеорологот Славчо Попоски вели дека утре и задутре во земјава доаѓа нов снежен бран.

„ Иако зимата сеуште календарски не започнала, сепак веќе ни пристигнува и вториот уште поголем и подолготраен снежен бран за оваа сезона. Овој снежен бран ќе трае два дена (петок и сабота). Во поголемиот дел од Македонија врнежите ќе бидат од снег и тие ќе бидат обилни (освен на некои пониски места каде ќе врне дожд, особено во централните  и во југоисточните предели.

На планините и на Скијачките центри до сабота навечер ќе се формира снежна поркивка од 20 до 30 сантиметри, понекаде и до околу половина метар. На пониските места со надморска височина од 500 метри па нагоре таа ќе изнесува од 5 до 10 сантиметри, понекаде и над 20 сантиметри. Снег ќе провејува и под 500 метри, особено во сабота.

Со овој снежен бран, првите врнежи од снег за оваа сезона ќе ги има и во делови од Скопската котлина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons