Одбојкарите ја прекинаа серијата порази, победа над Романија 

Македонската одбојкарска репрезентација по три порази по ред, конечно се израдува на победа откако во Скопје ја совладавме селекцијата на Романија со 3-1 (25-21, 22-25, 25-19 и 25-22). 

Македонските одбојкари во петтото коло од Европската сребрена лига, ја забележаа втората победа. Првиот сет ѝ припадна на Македонија со 25-21, во вториот вратија Романците добивајќи го со 25-22 и израмнија на 1-1 во сетови. 

Третиот сет беше нашиот најдобар, го добивме со 25-19 и го вративме водството, во четвртиот бевме подобри со 25-22 и ја заверивме победата од 3-1. 

На коло до крајот Македонија е на третото место со седум бода, втора е Албанија со 10, лидер е Романија со 11 бода, последна е БиХ со само два бода. Во последното коло Македонија гостува кај Босна и Херцеговина, а Романија ја пречкеува Албанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons