Огревното дрво поевтино од лани, ова е цената за кубик

Купувачите и продавачите на дрво со различни тврдења во однос на цената за еден кубен метар во споредба со лани. Продавачите велат дека цената е намалена, исто како и побарувачката за дрво. Од друга страна, граѓаните се жалат дека цените се превисоки, па некои сè уште и не се снабдиле за зимава.

„Треба да имаме пари за да купиме дрва. Не сум заинтересиран, уште не сум отишол да ги видам, но сигурно се 5.000-6.000 денари. Цената не се намалува, тоа е цената“, велат граѓените.

Но, на плацевите за дрва тврдат дека годинава цените се пониски, но била намалена и побарувачката.

„Ова година многу слабо, нема оваа година како претходните години. Монтираа клими, пелети, направија нешто, исто така и на струјата, некој плаќа, некој не. Тука е проблем, не купуваат. Цената е 4.600-4.700. Минатата годината беше 5.500 продажна, сега 1.000 денари помалку. Нема каде подолу”, вели Рафиз Камбери, сопственик на плац за дрва.

„Нема работа, минатата година имаше повеќе работа, оваа година има помалку“, вели еден дрвосечач.

Директорот на јавното шумско претпријатие вели дека годинава состојбата со побарувачката на дрва се стабилизирала. Освен тоа, лани имавме блага зима, па на многу домаќинства им останале залихи.

Груевски потенцира дека цената на дрвото во јавното претпријатие е околу 3.100 денари за метар кубен, а кај приватниот пазар имало поевтинување во однос на лани. За разлика од цената до 5.000 денари минатата година, оваа таа изнесува од 4.500 до 4.600 во зависност од градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons