Османи: Ако го прифатиме предлогот , преговорите со ЕУ ги започнуваме следните денови 

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, во изјава за Канал 5 потврди дека изменетиот француски предлог, кој денеска пристигна во Владата, е конечен. Османи потврди дека пред два дена лично ги водел разговорите во Софија околу последната форма на документот.

Вели дека треба да се разгледа целиот пакет, сите аспекти, ставови.

„Ако го прифатиме предлогот , преговорите со ЕУ ги започнуваме следните денови“, вели Османи.

Тој на својот Фејсбук профил посочи дека објавените документи не се финалниот предлог од француското претседателство.

„Со оглед на чувствителноста на моментот, сакам да посочам дека објавените документи во некои од медиумите не се финалниот предлог кој Француското претседателство го сподели денес со Владата преку Министерството за надворешни работи“, пишува Османи.

Вели дека имаат целосно разбирање од јавноста за потребата да бидат запознаени со содржината на предлогот, но замолуваат за трпение. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons