ОБИД ЗА ИЗМАМА: Граѓаните повторно добиваат СМС дека нивната пратка е заглавена 

Уште еден обид за измама на граѓаните преку СМС пораки.  Граѓаните да бидат внимателни. 

Денеска повторно стигнуваат пораки со кои корисникот го информираат дека неговата пратка е заглавена и каде е додаден линк на кој најверојатно се бара корисникот да внесе лични и финансиски податоци. Во пораките се наведува Пошта на Северна Македонија како испраќач, но сепак има граматички и правописни грешки какви што имаше и во претходните вакви пораки.

Бројот од каде се испраќа оваа порака е +60 што е појдовен префикс за азиската држава Малезија. Во последните месеци се случија десеттина вакви обиди за измами.  Од институциите и тогаш повикаа граѓаните да бидат претпазливи и да не наседнуваат на измамите. Постојано лица од странство на социјалните мрежи им пишуваат на граѓаните дека човек со исто презиме како нивното оставил наследство и бараат податоци за да ги измамат граѓаните. И овие пораки се полни со граматички и правописни грешки. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons