Обвинителство: Притвор за сите уапсени во акцијата „Чибук“, двајца веќе биле во затвор 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција нареди  спроведување на истражна постапка против десетте лица кои илегално набавиле 100 килограми канабис од фирми заради продажба, а една од нив била за одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија и растенија за употреба од Струмица.

Од таму не ги откриваат иницијалите, но се верува дека меѓу уапсените е и поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев,кој веќе еднаш одлежа затворска казна за шверц на цигари.

Денеска од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје му е побарано определување на мерката притвор за осумтемина осомничени. Останатите двајца осомничени се наоѓаат на издржување на затворската казна во КПД Затвор Прилеп од каде го сториле кривичното дело што им се става на товар.

На сите осомничени им се става на товар дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Во текот на вчерашниот ден, под раководство на предметниот јавен обвинител полициските службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност, спроведоа успешна координирана полициска операција под кодно име „Чибук“. Беа извршени претреси на повеќе локации во Струмица, Гевгелија, Демир Капија, Струга, КПУ Затвор Прилеп и неговата околина и притоа беа приведени 8 лица и пронајдени 13 јутени бели вреќи со 193 вакумирани кеси со наркотична дрога марихуана во количина од 99 кг и 630 грама.

Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка во која е утврдено дека во периодот од октомври 2023 до март 2024 година, осомничените заедно, како повеќе лица, се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога марихуана и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба. Во текот на овој период групата организирала и реализирала продажба на поголема количина на наркотична дрога марихуана што неовластено била набавувана од НН правни субјекти од Струмица и Демир Капија, од Р.Албанија, како и од правен субјект со дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија и растенија за употреба од Струмица“, информира Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons