Детали: Светиниколчанецот почина во болница, сопругата со скршен рбет и карлица 

Светиниколчанецот В.П. на возраст од 66 години е возачот кој загина во сообраќајката што се случи синоќа на магистралниот пат А3 Штип-Велес, додека неговата сопруга, според последните информации на МВР, е пренесена на клиниката во Скопје бидејќи има скршеници на рбетот и карлицата.

В.П. им подлегна на повредите синоќа во 21.30 часот во Општата болница во Велес каде беше хоспитализиран со уште две лица, неговата сопруга која е тешко повредена и 29 годишник од светиниколско Супурге кој е учесник во несреќата со другото возило. 

Од болницата во Велес за МИА изјавија дека В.П. бил донесен во велешката болница во бесознание и критична состојба.  На неговата сопруга, Б.П.  61.  и е направена компјутерска томографија, констатирани се скршеници на кичма и карлица и поради тежината на повредите во тешка состојба со возило на итна помош од велешката болница во 20.30 часот е препратена на скопските клиники.

На третиот повреден, 29 -годишниот А.А, исто така му е направена компјутерска томографија  и се констатирани повреди на глава, но е надвор од животна опасност. Задржан е на понатамошно лекување и опсервација на Хирушкото одделение во велешката Општа болница. 

Несреќата се случи вчера околу 18.20 часот, на магистралниот пат А3 Штип-Велес кај крстосницата за селата Каратманово и Милино, меѓу две возила „сузуки“ со светиниколски и „бмв“ со радовишки регистерски таблички.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons