За само неколку часа Давкова собра 15 илјади, а Пендаровски 10.000 потписи 

За само четири часа, во периодот од осум изутринава до 12 часот кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова собра повеќе од 15.000 граѓански потписи за потврда на кандидатурата. За неполни пет часа, собрани се 10.000 граѓански потписи за поддршка и на кандидатурата за втор мандат на претседателот Стево Пендаровски.

Силјановска Давкова вчера беше и официјално избрана за кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, откако доби 444 делегатски гласа на Конвенцијата на најголемата опозициска партија.

Денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе одржи конгрес на кој се очекува Пендаровски да стане нивен официјален кандидат за втор мандат за претсдетел на државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons