Обвинителството со детали за случајот „Онкологија“ 

Незаконски и без тендер се набавувале скапите биолошки терапии за пациентите болни од канцер на Клиниката за онкологија, со намера да создадат вишок лекови, при што обезбедиле имотна корист за друг од околу 30 милиони евра доведувајќи го фондот за здравство во заблуда. Под ова обвинение, Обвинителството денеска започна истрага против 5 лица. Поранешниот медицински директор Нино Васев, екс економскиот директор Нехат Нухи, како и тројца доктри од онкологија. На двајцата директори судот им одреди мерки на претпазливост.

Се прифаќа предлогот и на Н.В. му се опредлуваат мерки за претпазливост по чл. 146 ст.1, т. 1,2,3 и 7 од ЗКП односно Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за јавување на службено лице во судот, Одземање на патна исправа и забрана за издавње нова и Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело.

На Н.Н. му се определуваат мерки за претпазливост по чл. 146 ст.1, т. 1,2 и 3 од ЗКП односно Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за јавување на службено лице во судот, Одземање на патна исправа и забрана за издавње нова.

Осомничените без да спроведат тендер и без согласност на Фондот набавувале биолошки терапии, а лековите од биолошката терапија не ги фактирурале. На пациент кој му следувала една биолошка терпија, му препишувале уште една, а се препишувало од скапиот лек и на пациенти кои биле еден ден пред смрт, кога веќе докторите знаеле дека терапијата нема да им делува.

Тоа не значи дека е кратена или не е давана терапија, ова, народски кажано, значи дека е раздолжувана терапија повеќе од тоа што треба да го примат пациентите.

Васев се товари за 8 кривични дела, Нехи за измама во службата, а тројцата доктори за помагање во тоа дело.

Но каде завршувале вишокот биолошки терапии со кои се правело злоуптреба, Обвинителството се уште треба да истражува. Иако првичните информации наведуваа дека таа наместо на пациентите болни од канцер во Македонија била препродавана на црниот пазар во Косово, сепак доказите отаму не соодејствуваат дека скапиот лек завршувал во Косово.

Од Обвинителството велат дека истрагата може да се прошири, се уште се прибираат документации, а во тек е и вештачење на медицински досиеја и од вештаци од Словенија.

За злоупотреба на службената положба затворската казна е до 5 години, додека за измама на службата до максимум 20 години затвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons