Обвинителството побара притвор за Ламбе Алабаковски 

Основното јавно обвинителство Битола соопшти дека повело постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

„Постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил. Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на фактот што тој има двојно државјанство на Р.С. Македонија и на САД каде живеел до неодамна, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, се вели во соопштението од Обвинителството. 

Министерот за внатрешни работи на Оливер Спасовски денеска соопшти дека Л.А. (34) е осомничениот кој го запалил бугарскиот културен центар, а набргу се прошири информацијата дека за инцидентот е одговорен пејачот Ламбе Алабаковски

„Со задоволство можам да соопштам брзо и ефикасно разрешување на случајот од пред три дена со кривично-правниот настан – пожарот во центарот ’Иван Михајлов’ во Битола, кој веќе е расчистен и имаме приведено лице кое го призна на делото“, ннформира Спасовски.

Министерот за полиција посочи дека „деноноќно се работело на пронаоѓање на сторителот, дека се земени предвид сите докази и дека по официјалните разговори во последните денови, синоќа со судска наредба биле претресени две локации што ги користел Љ.А. (34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што е лишен од слобода“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons