Непознати дронови ги набљудувале српските касарни 

Непознати дронови ги набљудувале позициите на српската војска. 

На подрачјето на Мердар и во околината на Рашка забележани се непознати дронови што ги набљудуваат касарните и позициите на војската на Србија, неофицијално објави РТС.

Српскиот претседател  и врховен командант на вооружените сили Александар Вучиќ наредил да се уништат сите непријателски беспилотни летала на територијата на централна Србија. Српските „миг-29“ полетале во акција на набљудување и евентуален напад врз непријателските летала. Набљудуваните објекти го напуштиле воздушниот простор на централна Србија, а доколку не го стореле тоа, ќе биле уништени, бидејќи врховниот командант издал наредба за итно дејствување со противвоздушно оружје, објави РТС.Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека по наредба на претседателот Александар Вучиќ, војската на Србија е во состојба на готовност и дека е подигнато нивото на борбена готовност поради ситуацијата на Косово. Тој во гостувањето на телевизијата Хепи изјави дека Србија е сериозна земја и затоа никој не треба да игра „воени игри“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons