Меси активира специјална клаузула и ќе одмори една недела пред мундијалот во Катар?! 

Новинарот Андрес Јосен вели дека Лео Меси го известил тренерот Кристоф Галтие дека нема да настапи на дуелот против Оксер, Аргентинецот имал специјална клаузула со која приоритет му дава на мундијалот во Катар.

Лео Меси нема да настапи против Оксер на 13. ноември, последниот натпревар на ПСЖ пред Светското првенство.

Новинарот Андрес Јосен вели дека напаѓачот побарал од тренерот Кристоф Галтие де биде ослободен од обврските кон ПСЖ веќе на стартот од следната недела за да може да посвети повеќе време на Аргентина пред мундијалот.

Наводно во неговиот договор има клаузула која им дава приоритет на „гаучосите“.

Сепак, Радио Монте Карло вели дека до овој момент Лео Меси не испратил никакво барање до Кристоф Галтие и ПСЖ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons