На празникот Богојавление се случи чудо во Витлеем – верниците од цел свет ова ги остави без зборови 

На социјалните мрежи меѓу православните верници се шири видео на кое се гледа еден момент кој многу верници го нарекуваат чудо.

Имено, за време на молитвата, односно додека свештениците ја осветуваа водата за празникот Богојавление, на Патријархот му слета бел гулаб на митрата, пред сите присутни во црквата. Богојавление е денот на кој според христијанското предание св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, додека белиот гулаб во православието го преставува симболот на Светиот дух.

Видеото веднаш стана вирално и почна да се шири на социјалните мрежи, а многу верници овој настан го нарекуваат чудо.

Принтскрин/ Фејсбук, Белград има душа

Според христијанското верување кога Јован Крстител го крштевал Исус Христос на реката Јордан, над него се отворило небото и слетал Светиот дух во вид на гулаб. И токму на вчерашниот ден, на празникот Богојавление (Водици), кој се одбележуваше низ целиот свет, а за кој обичај е верниците да пливаат во вода по Чесниот крст и да се поздравуваат со зборовите „Бог се јави“, во Витлеем, градот каде е роден Исус, се случи овој необичен настан.

Принтскрин/ Фејсбук, Белград има душа
Принтскрин/ Фејсбук, Белград има душа

Принтскрин/ Фејсбук, Белград има душа

Како изгледаше ова чудо според православните верници што се случи во Витлеем кога белиот гулаб слета на митрата на Патријархот и тоа на зборовите „Дух Дух“, погледнете во видеото:

Принтскрин/ Фејсбук, Белград има душа

Потсетуваме, Витлеем е палестински град на Западниот Брег и се наоѓа во близина на Ерусалим. Градот е под палестинска управа и од Ерусалим е оддалечен околу 10-на километри, а најмногу е познат како родното место на Исус Христос, па во негова чест во градот е изградена базилика Раѓањето на Христос.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons