Украина разви оружје со долг дострел и напаѓа кон Русија, порача Зеленски

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски изјави дека Украина развила оружје со долг дострел, еден ден по нападот длабоко во Русија.

Тој на Телеграм објави дека оружјето е произведено од Министерството за стратешки индустрии на Украина, но не даде повеќе детали.

Вчера четиричасовен бран беспилотни летала за кои Москва ја обвини Украина удри аеродром во близина на границите на Русија со Естонија и Латвија, наводно оштетувајќи четири воени транспортни авиони Ил-76. Тој аеродром е во руската област Псков, на околу 700 километри северно од украинската граница.

Денешното соопштение на Зеленски е најјасно навестување дека Украина го извршила нападот.

Украинските напади со беспилотни летала длабоко во Русија и прекуграничните диверзантски мисии се дел од напорите на Киев да изврши воен и политички притисок врз Кремљ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons