На Македонија и се закануваат арбитражни постапки од 1,5 милијарди евра

На Македонија и се заканува присилна наплата од 1,5 милијарди евра вкупна отштета со казнени камати во арбитражните постапки пред меѓународните судови, брифираат денеска владини извори.

Последна во низа е тужбата од ИНСО Системи за раскинатиот договор за изградба на новиот клинички центар „Мајка Тереза“, кој го потпиша поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, а во меѓувреме беше прекината неговата реализација од новата власт. 

Од Владата велат дека случајот е во рана фаза и дека побарувашето на штетата од страна на ИНСО Ситеми изнесува 19 милиони долари. Постапката започнала минатата година, но она што го откриваат од Владата е дека никој не видел дека има отворен предмет против државата пред меѓународниот арбитражен суд. Тужителот испратил мејл со известување на погрешна адреса а македонската страна во меѓувреме била без подготвена одбрана. Следното рочиште е на 14 јули и Владата ја известила арбитражата за невоспоставената комуникација.

Од претходно, турската Гама Гуч, врз основа на билатерален договор за заштита на инвестиции, побарува 5 милиони евра за нереализирана стечајна постапка во врска со гасната централа ТЕ-ТО. 

Побарувањата на Хеленик Петролеум за раскинатиот договор за мазут преку ОКТА изнесуваат 21,5 милиони денари. Првично грчката компанија барала 42,6 милиони долари, но арбитражниот суд ги прифатил аргументите на Владата дека таквото производство на мазут кое би го купувала Македонија е нереално.

Семејството Скубенко тужи за 77 милиони евра за загубената концесија во рудникот за злато, сребро и бакар Казандол. Во октомври лани последен пат имало усно рочиште, а аргументот на Владата е тоа дека имало позитивен референдум од локалното население.

Блажо Тасев, бизнисмен од Словенија, 19 години бара 500 милиони евра за нереализирана експропријација на рудникот Саса. Постапката е во завршна фаза и се чека одлука од арбитражниот тринубал.

Позитивен сигнал за Владата е тоа што во 2022 Кунико Ресорсис го загубил случајот за тогашен Фени Индустри, а на тој пат е и брачниот пар Бинани за стечајната постапка на рудникот Тораница во Злетово.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons