ЗА МАКРОН НИЕ СМЕ СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ – вели дека со нас ќе се разговара во следните часови, и блиску сме до договор кој обезбедувал правда за бугарските барања 

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, се надева дека сѐ уште е можен договор меѓу Скопје и Софија за преговарачката рамка, јави дописничката на МИА од Брисел нагласувајќи дека Макрон го употребил изразот „Северномакедонци“.

„Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања и е компатибилен со тоа што Северна Македонија може да го направи, потребно е видливост и доверба, во следните часови ќе има гласање на бугарскиот Парламент, ќе гледаме кон бугарскиот претседател и партиите од сегашното мнозинство, опозициските партии“, рече Макрон, и додаде дека со „Северномакедонците“ во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот, изјави францускиот претседател Макрон.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons