Магазин

Најчудната железничка пруга во Европа: Вози до остров на кој живеат 20 жители (ВИДЕО)

Германскиот остров Нордштрандишмур, во близина на границата со Данска, има постојано население од околу дваесет лица.

Толку е ниско што едвај излегува од Ваденското Море, па затоа поплавите се чести во оваа област, а куќите се градат на вештачки насипи.

Жителите некогаш биле целосно отсечени од остатокот од светот за време на големи бури.

Затоа железничката пруга Литмурзил-Нордшрандишмур била изградена како „врска“ со копното, делумно на вештачки насип, а мештаните ја нарекуваат „Лоренбан“.

Тоа е теснолиниска железница, долга 3,5 километри, која поминува низ Ваденското Море и го поврзува Нордштрандишмур со копното, поточно местото Белтрингхардер Ког.

Ја нарекуваат и една од „најчудните“ железнички пруги во Германија.

Кога била изградена во 1934 година, вагоните ги движел ветер, но денес се користат дизел мотори.

Изградена е како средство за транспорт на материјал потребен за зајакнување на одбранбените насипи на островот.

Сè уште служи за истата намена и денес, како и за превоз на локалното население. Покрај тоа, многу домаќинства на островот имаат приватни вагони што ги користат за сопствени потреби.

Островот Нордштрандишмур е дел од најголемиот национален парк во Централна Европа – Ватенмер Шлезвиг-Холштајниш, кој се одликува со прекрасна флора и фауна.

Иако возењето со необичниот воз не е долго, тоа е исклучително живописно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons