Нутриционист издвојува шест намирници што содржат повеќе магнезиум од бадемите
Бадемите се познати како добар извор на магнезиум – минерал што е важен за функцијата на мускулите, нервниот систем и здравјето на коските. Сепак, нутриционистите издвојуваат шест намирници кои содржат уште повеќе магнезиум и лесно можат да се вклучат во вашата дневна исхрана.
Кога станува збор за храна богата со магнезиум, бадемите речиси секогаш се наоѓаат на листата. Овие јаткасти плодови содржат импресивни 77,96 милиграми магнезиум на 28 грама. За споредба, на мажите им се потребни 420 милиграми магнезиум дневно, додека на жените им се потребни 320 милиграми.
„Магнезиумот е есенцијален минерал кој ја поддржува функцијата на мускулите и нервите, контролата на шеќерот во крвта, регулирањето на крвниот притисок и здравјето на коските“, објаснува нутриционистката Кристен Лоренц.
Според него, магнезиумот е исто така неопходен за производство на енергија, синтеза на протеини и обновување на ДНК.
„На крајот на краиштата, магнезиумот е минерал кој извршува бројни задачи и овозможува сè, од отчукувањата на срцето до метаболизмот, да функционира правилно“, додава Лоренц.
Иако вклучувањето бадеми во исхраната може да помогне во задоволувањето на дневните потреби за магнезиум, тие не се единствената опција. Постојат многу намирници што содржат повеќе магнезиум од бадемите, што овозможува поразновиден внес на овој важен минерал.
Нутриционистите ги посочуваат најдобрите избори за зголемување на внесот на магнезиум, како и начини за вклучување на овие намирници во вашите секојдневни оброци.
Спанаќ
Содржина на магнезиум: 157 мг во една шолја варен спанаќ
Спанаќот нуди бројни здравствени придобивки, а високата содржина на магнезиум е секако една од нив. Според податоците од Министерството за земјоделство на САД (УСДА), една шолја варен спанаќ содржи 157 милиграми магнезиум.
„Спанаќот исто така придонесува за здравјето на коските и може да помогне во намалување на крвниот притисок, благодарение на содржината на калиум и нитрати“, вели Лоренц.
„Обидете се да додадете грст спанаќ во вашата следна супа, манџа или готвено јадење. Можете и накратко да го пропржите со лук, да го додадете во тестенини или да го ставите во омлет“, советува нутриционистот.
Семки од тиква
Содржина на магнезиум: 156 мг на 28 грама
Семките од тиква се еден од најбогатите извори на магнезиум, со 156 милиграми во порција од 28 грама, според УСДА.
„Семките од тиква содржат речиси двојно повеќе магнезиум од бадемите, како и значителни количини цинк, железо и протеини од растително потекло“, објаснува Лоренц.
Тие исто така обезбедуваат мононезаситени – или здрави – масти кои се корисни за срцето, влакна кои придонесуваат за здравјето на цревата, како и антиоксиданти кои го поддржуваат имунитетот, истакнува нутриционистката Меди Пасквариело.
Лоренц предлага семките од тиква да се потпечат и да се посипат врз овесна каша или салата. Можат да се јадат и сами како ужина, сирови или печени, со или без зачини. Тие се исто така одличен додаток на смутија и оброци со јогурт, додава Паскариело.
Киноа
Содржина на магнезиум: 120 мг во една шолја варена киноа
Една шолја варена киноа обезбедува 120 милиграми магнезиум, истакнува Пасквариело.
„Киноата е исто така добар извор на влакна и протеини и е корисна за имунитетот и здравјето на цревата“, вели таа.
Можете да ја користите киноата на ист начин како оризот – во житни оброци, салати или како прилог.
Исто така, можете да ја послужите топла за појадок, со кокосово млеко, малку јаворов сируп и овошје, предлага Лоренц.
Црн грав
Содржина на магнезиум: 120 мг на една шолја варен грав
Ако сакате да го зголемите внесот на магнезиум, црниот грав е одличен избор. Според податоците на УСДА, една шолја варен црн грав содржи 120 милиграми магнезиум.
Покрај тоа, оваа мешунка е „одличен извор на протеини, влакна и микронутриенти, како што се фолати, манган, железо, калиум и витамин Б6“, вели Пасквариело.
Овие хранливи материи се корисни за здравјето на цревата и срцето, како и за контрола на нивото на шеќер во крвта.
Чиа семе
Содржина на магнезиум: 95 мг на 28 грама
Според Министерството за земјоделство на САД, 28 грама семе од чиа, или околу две лажици, содржат 95 милиграми магнезиум.
Чиа семето исто така обезбедува антиоксиданти, омега-3 масни киселини и растителни влакна, поради што се смета за многу хранлива храна.
Тие често се користат за подготовка на чиа пудинг – кремаста ужина што се добива со комбинирање на семките со млеко или јогурт.
Можете да ги додадете и во овесни снегулки што преку ноќ отстојале потопени во млеко или јогурт, советува Пасквариело.
Можете да ги додадете и во овесни снегулки што преку ноќ отстојале потопени во млеко или јогурт, советува Пасквариело.
Чиа-семето секогаш треба претходно да се измеша со течност, наместо да се јаде суво.
„Препорачувам да оставите семето да набабри и да формира гел пред да го консумирате, за да извлечете најголема корист и да избегнете дигестивни тегоби“, објаснува Пасквариело.
Ленено семе
Содржина на магнезиум: 80 мг на 28 грама
Кога станува збор за ленено семе, една супена лажица е вообичаена порција, наведува Пасквариело.
Меѓутоа, доколку вашиот дигестивен систем може да поднесе две лажици — или околу 28 грама — од оваа храна богата со растителни влакна, ќе внесете 80 милиграми магнезиум, додава таа.
„Семето од лен исто така обезбедува микронутриенти, како што се тиамин и манган“, вели Пасквариело.
Тиаминот е витамин што може да придонесе за подобар сон, додека манганот игра важна улога во здравјето на мозокот и имунолошкиот систем.
За да вклучите ленено семе во вашата исхрана, додадете го во јогурт, овесна каша или смути.
„Можете да ги посипете врз речиси сè, од свежо овошје до салати“, советува Пасквариело.



