МНР со апел да не се патува во Русија 

Министерството за надворешни работи соопшти дека одблиску го следи развојот на состојбите во Руската Федерација и дека е во постојана комуникација со партнерите и сојузници и дека оттука, апелира да не се патува во Русија..

Од Министерството за надворешни работи потсетуваат дека уште е во сила препораката од 28 февруари 2022 година, граѓаните на Македонија да се воздржат од патувања кон Руската Федерација, а оние кои имаат можност да ја напуштат земјата.

Македонските државјани кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, може да ја контактираат Амбасадата во Москва на следните телефонски броеви: +7 925 025-98-05 (мобилен) е-mail: nenad.kolev@mfa.gov.mk.

Државјаните на Македонија може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons