Свртница го заглави возот за Битола на станицата во Рајко Жинзифов

Во доцните попладневни часови патничкиот воз кој сообраќаше од Скопје до Битола, повеќе од еден час беше заглавен на железничката станица Рајко Жинзифов пред Велес. Возот бил полн со патници, а подоцна тие биле одвезени до Велес за да го продолжат своето патување.

Од Македонски железници информираат дека не станувало збор за расипана делница од пругата или за дефект на возот, туку за проблем со свртница која се поместува од Скопје, со уред кој дава далечинска команда. Проблемот настанал поради високите температури, а до свртницата е тешко да се пристапи по друг пат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons