Актуелно

Мицкоски од Брисел: Проширувањето на ЕУ е геостратешки императив, Македонија е посветена на реформите

Мицкоски преку објава на „Фејсбук“ информира дека заедно со еврокомесарката за проширување Марта Кос го проследил обраќањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со кое беше отворен Форумот.

Проширувањето на Европската Унија претставува геостратешки императив и долгорочна инвестиција во мирот, стабилноста и безбедноста на европскиот континент – порача премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше на Форумот за проширување на Европската Унија – EU Enlargement Forum 2026 во Брисел.

Facebook / Hristijan Mickoski

Мицкоски преку објава на „Фејсбук“ информира дека заедно со еврокомесарката за проширување Марта Кос го проследил обраќањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со кое беше отворен Форумот.

– Проширувањето на Европската Унија претставува геостратешки императив и долгорочна инвестиција во мирот, стабилноста и безбедноста на европскиот континент. Овој процес мора да остане заснован врз постигнатите резултати, но истовремено да биде подинамичен, праведен и предвидлив – наведува Мицкоски.

Facebook / Hristijan Mickoski

Тој нагласува дека европската интеграција за Македонија претставува стратешка определба и долгорочен национален интерес.

– Нашата посветеност на реформите, заштитата на националните интереси и исполнувањето на европските стандарди мора да бидат проследени со јасна и кредибилна европска перспектива – порачува премиерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons