Митева: На граѓаните им се ветуваше живот, но добија апатија 

На граѓаните им се ветуваше живот, а добија апатија, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, Марија Митева, член на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Говорејќи на тема околу транспарентноста на партиите и довербата на граѓаните во државниот систем, Митева рече:
„Мора да се запрашаме зошто граѓаните имаат ниска доверба, пред сѐ во државата и во државниот систем, а таа се пресликува и во партиите. Затоа што ние имаме еден долг период во којшто се случуваат многу поларизирања на општеството. Имаме ветување на живот и донесување на апатија. И тешко е на граѓаните после апатија да се обидете да им влеете доверба“, вели Митева.

alsat.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons