Милевски: Грузија игра одлично, но за победникот се прашува Македонија 

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски вели дека добро ја анализирале Грузија, но вели дека секој меч е посебна приказна и работите ќе зависат од играта на Македонија. 

Милевски ја пофали селекцијата на Грузија, но смета дека работите на Арената „Тодор Проески“ ќе зависат од играта на Македонија. Утрешниот меч почнува од 20:45 часот. 

„Грузија е анализирана, не само последниот меч со Бугарија, одлична селекција се, одличен тим се, со одлични индивидуалци. Во Бугарија одиграа одличен меч, но секој меч е различен и посебна приказна. Така да овој меч наш со Грузија нема да биде ништо исто од нашиот со Бугарија или нивниот со Бугарија. Уште помалку нема никаква конекција со тој меч во Тбилиси“, вели Милевски. 

„И како тим и како индивидуалци имаат квалитет, ако им овозможиме ќе преовладаат на терен, но најважно е ние како ќе изгледаме, а утре секако ќе се прашува Македонија како ќе биде на терен и за крајниот резултат. Овој период е таков каков што е, не може да бараме форма кога сте надвор од натпреварувачки ритам, но најважно е сите фудбалери што имаат желба и решителност да се успее“.„Секој меч е нов предизвик, што е поминато е зад нас и историја, а на овој меч е битен, односно најбитен зашто е прв следен. Има разлика во играта на Грузија со сегашниот селектор, сѐ е поразлично од претходните мечеви со нас, но важноста на мечот не нѐ оптеретува премногу, подготовката е иста и главно е да де даде максимум за да се постигне успех“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons