Мечка нападна човек меѓу селата Пласница и Ораоец: Го спасиле ловци, кои случајно биле во близина 

Во текот на вчерашниот ден помеѓу село Пласница и Ораоец, општина Македонски Брод, мечка нападнала возрасен човек, извести Центарот за управување со кризи.

„Човекот бил спасен од ловци, кои случајно биле на лов во близина на местото на нападот, а кога слушнале повици за помош, испукале неколку истрели во воздух по што мечката побегнала“, соопшти ЦУК.

Нападнатото лице било преплашено и добило телесни повреди.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons