Матичарите на протест, Скопје попладне блокирано

Управата за водење на матични книги попладнево излегува на протест барајќи покачување на платите за 30% и уредување на работниот статус.

Рутата по која ќе се движат вработените во Управата за водење матични книги, како што најавија од Синдикатот е од поранешната Градска болница, кон Собранието и потоа пред Министерството за правда, каде што ќе ги соопштат барањата, односно причините за генералниот штрајк.

-Ве известуваме дека по повод штрајкот кој се одвива во управата за водење на матични книги, организиран од Независниот синдикат на управата утре 05.05.2022 година дополнително вработените од управата ќе оддржат протест од 15.00 часот до 17.00 часот пред министерството за правда каде ќе бидат блокирани улиците.

Во 16.00 часот пред министерството за правда ќе оддржиме и прес конференција на која ќе ги пренесеме нашите барања, стои во нивното соопштение до јавноста.

Во земјава има околу 500 вработени во Управата за водење на матичните книги, која е во рамките на Министерството за правда. Веќе пет дена не се издаваат изводи на родени, на умрени и на венчани, а се работи само на итните случаи. Тие се жалат дека дел од вработените земаат плата и под минималната.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons