Марк Закерберг им подели 11.000 откази на вработените во Мета 

Марк Закерберг, основачот на Фејсбук, денеска се обрати со писмо до вработените во Мета и најави 11.000 отпуштања.

Да потсетиме дека Мета е компанијата во сопственост на Facebook. Бранот на отпуштања, прв во 18-годишната историја на Мета, следи по илјадници отпуштања во други големи технолошки компании, вклучувајќи го Твитер во сопственост на Илон Маск и софтверскиот гигант Мајкрософт.

„Денес со вас споделувам информации за најтешките промени што ги правиме во историјата на Мета. Решив да ја намалам големината на нашиот тим за околу 13% и да отпуштам повеќе од 11.000 наши талентирани вработени“, напиша Закерберг преку допис до вработените во Мета.

Закерберг на тој начин ги потврди шпекулациите за драстични намалувања на компанијата, која претрпе огромна загуба на пазарната вредност и пад на приходите со пад на вредноста на акциите за 70 отсто. Бумот на Мета за време на пандемијата стивна оваа година и ги поништи оптимистичките прогнози за оваа година, што донесе највисока инфлација во последните децении и забрзан пораст на каматните стапки.

„Исто така, преземаме голем број дополнителни чекори за да станеме поефикасна компанија, со намалување на дискреционите трошоци и продолжување на одлуката за замрзнување на нови вработувања до крајот на првиот квартал од следната година. Знам дека ова ќе биде тешко за сите и мене особено ми е жал за оние кои се засегнати од оваа одлука“, објави Закерберг.

„На почетокот на пандемијата, светот брзо се движеше онлајн, а бранот на е-трговија доведе до огромно зголемување на приходите. Многу луѓе предвидуваа дека ова ќе биде трајно забрзување што ќе продолжи дури и по завршувањето на пандемијата, па донесов одлука за значително зголемување на инвестициите“, вели Закерберг во писмото до вработените во Мета.

„За жал, ова не се одвиваше онака како што очекував. Не само што онлајн трговијата се врати на претходните трендови, туку и макроекономскиот пад, зголемената конкуренција и губењето на рекламирањето предизвикаа нашите приходи да бидат многу помали отколку што очекував. Згрешив и ја преземам одговорноста за тоа“, наведува тој.

„Во оваа нова средина, треба да станеме значително поефикасни. Фокусиравме повеќе од нашите ресурси на помалку области за раст со висок приоритет – како што се нашиот мотор со вештачка интелигенција, нашите реклами и деловни платформи и нашата долгорочна визија за метаверзумот. Ги намаливме трошоците во нашиот бизнис, вклучително и буџетски кратења, бенефиции и кратења на недвижности“, се вели во писмото.

„Ги реструктуираме тимовите за да ја зголемиме нашата ефикасност. Но, само овие мерки нема да ги усогласат нашите трошоци со нашиот раст на приходите, така што јас исто така донесов тешка одлука да отпуштам луѓе“, објави Закерберг.

Компанијата најави дека ќе им исплати отпремнина на отпуштените работници еднаква на 16 недели основна плата, плус две дополнителни недели за секоја година стаж и преостанат исплатен одмор. Здравствените трошоци ќе ги покриваат работниците уште шест месеци, а отпуштените ќе добијат отпремнина на 15 ноември.

Новиот сопственик на Твитер, претприемачот и милијардер Илон Маск, минатата недела отпушти половина од вработените во компанијата, речиси 4.000.

Мета, која ги поседува Facebook, Instagram и WhatsApp, има околу 87.000 вработени – така што отпуштањето на 11.000 вработени е повеќе од двојно од бројот на вработени кои биле отпуштени на Twitter.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons