Шефот на НАТО: Потребна ни е силна германска војска, ова е пресвртница 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика денеска Германија на Берлинската безбедносна конференција да продолжи со зајакнувањето на своите вооружени сили. „Одлуката на Германија значително да ги зголеми трошоците за одбрана со инвестиции во нови борбени авиони, хеликоптери, бродови и подморници е историска”, рече Столтенбер

„Ова е навистина пресвртница што ја одразува нашата променета безбедносна средина“, додаде тој, мислејќи на руската агресија против Украина. „Потребен ни е силен и подготвен Бундесвер“, заклучи генералниот секретар на НАТО, нагласувајќи ја важноста и на одбранбената индустрија во Германија.

Тој нагласи дека тоа е важно за безбедноста на Германија и Европа и за глобалната безбедност. Столтенберг повика и на продолжување и зајакнување на поддршката за Украина.

„Не треба да ја потценуваме Русија. Руските ракети и беспилотни летала продолжуваат да паѓаат врз украинските градови, цивили и клучната инфраструктура, предизвикувајќи огромни човечки страдања како што се приближува зимата“, рече тој.

Столтенберг ја поздрави финансиската, хуманитарната и воената помош на Германија за Украина, нагласувајќи дека таа прави разлика на бојното поле. „Не може да има траен мир ако победи агресорот, ако угнетувањето и автократијата надвладеат над слободата и демократијата. Затоа, најдобриот начин да се поддржи траен мир е да се поддржи Украина“, рече тој.

Опасната зависност од рускиот гас мора да се земе предвид и во политиката кон Кина, посочи Столтенберг. „Ние, се разбира, ќе продолжиме да тргуваме и економски да соработуваме со Кина, но мора да бидеме свесни за нашата зависност, да ја намалиме нашата ранливост и да управуваме со ризиците“, додаде тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons