МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: СДС и Филипче за власт би ја редефинирале македонската историја и идентитет

СДС и Филипче за власт би ја редефинирале македонската историја и идентитет. 

СДС и Филипче уште веднаш се подготвени да направат ново национално предавство, почнувајќи со уставните измени. 

Бугарските власти, јасно кажаа дека уставните измени не се последниот услов кој го имаат за влез на Македонија во ЕУ.

Од една страна, СДС и Филипче велат дека Бугарија не го негирала македонскиот идентитет, а од друга страна, бугарските власти секојдневно велат дека македонската нација постои од 1945 година, дека македонскиот јазик има бугарски корени и дека ние сме еден народ во две држави.

Впрочем, ваков став имаше и менторот на Филипче, Зоран Заев. Оттука е јасно од кого Филипче учи. 

СДС и Филипче наместо да слугуваат за друга држава, ги повикуваме еднаш барем да размислат што прават и колку штета и нанесуваат на државата, на македонскиот народ и на сите оние кои го дале животот за неа. 

Почитувани граѓани, 

За СДС и Венко Филипче, не се важни македонските национални интереси и македонскиот идентитет, ниту пак им се важни граѓаните. 

За нив важно е само како да се дофатат за властаза да можат што повеќе да крадат. Затоа и полека но сигурно тие стануваат маргинална партија.

Линк од видео материјал: 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons