Манасиевски: Додека ВМРО-ДПМНЕ носи дипломатски победи за Македонија, СДС навива за уставни измени и редефинирање на македонската историја
Кај Венко Филипче и СДС е евидентна нервозата, затоа што Македонија конечно има позитивни резултати на меѓународен план.
Нервозни се затоа што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека може да се води европска политика без понижување, без тргување со идентитетот и без прифаќање диктати на штета на македонските национални интереси.
Во само една недела Македонија доби силни потврди за правилната насока во којашто се движи државата.
Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, испрати јасна порака дека Македонија има опиплив напредок во исполнување на Реформската агенда. Македонија за првпат е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за периодот 2027-2029 година. Ова е сериозен дипломатски успех што претставува доверба, препознаен капацитет како и меѓународна потврда за државата. Паралелно со ова, нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент испраќа важна порака дека Македонија останува јасно препознаена како европска држава која е посветена на реформите, регионалната стабилност и партнерството со ЕУ и НАТО. Да не го заборавиме и завршувањето на пост-мониторингот со Советот на Европа, со што Македонија ги исполнува сите демократски капацитети.
Почитувани граѓани,
Разликата е повеќе од јасна. Македонија денес е држава која гради партнерства, добива доверба и испорачува резултати. Тоа е разликата помеѓу СДС и ВМРО-ДПМНЕ, едните се прифаќаа, другите работат, едните би ја редефинирале македонската историја, а другите ја позиционираат Македонија како почитувана европска држава.
Затоа Филипче и СДС се нервозни и затоа им пречи секој успех. Им пречи што Македонија конечно оди напред.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



