Мицкоски: ИЈЗ беше институција која тонеше во долгови, а денес инвестира во опрема , во инфраструктура и придонесува за јавното здравје
„Добар ден и од мене би сакал да не се повртoрувам со тоа што досега беше кажано. Би сакал да честитам на тоа што е направено; од една институција која што тонеше во долгови денеска имаме инстиуција која што инвестира во опрема, во реновирање на инфраструктурата. Институција која што генерално се грижи за јавното здравје, за разлика од институција во минатото, а вие сте сведоци за оние ревозирски извештаи коишто се од минатото на која што служела за се, само за она за што требала да служи, а тоа е да се грижи за јавното здравје.
Би сакал да се заблагодарам на директорката која што со своето залагање допринесува да секој ден имаме пријатни изненадувања од оваа институција, да се заблагодарам на министерот, на луѓето во министерството, на директорот на здравствениот фонд за поддршката за цело време што ја даваат во оваа институција и се разбира најголема благодарност до вработените во Институтот за јавно здравје, до сите оние кои што се борат, се трудат, работат тука секојдневно за да постигнат резултат повеќе. Тие се оние херои коишто треба да им одадеме една голема благодарност.
Така што јас би сакал што почесто да се гледаме на вакви поводи каде што ќе можеме да ги поправаме грешките кои што се потсетник на едни минати времиња кои што никој не сака да ни се повторат.“



